erdogan-putin

Ердоган и Путин оддржаа заедничка конференција за медиумите

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, по состанокот во Анкара со рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека неговата земја и Русија ја делат истата загриженост во врска со многу прашања во војната во Сирија.

- Во овој момент, ја делиме истата загриженост со руските пријатели за многу основни прашања во Сирија. Веруваме дека е важно да иднината на Сирија не е биде оставена на терористички организации како што се ISIS, YPG и PYD. Во таа смисла, ја продолжуваме нашата соработка во согласност со нашите заеднички интереси “, изјавил Ердоган на прес-конференција.

Ердоган изјавил дека трговската размена меѓу Турција и Русија надмина 22 милијарди долари, додавајќи дека целта била да достигне 100 милијарди долари.

Путин истакнал дека во рамките на проектот Турски тек наскоро ќе започне и изградбата на линија на копно како дел важен од овој проект.

- Ќе бидат изградени две одделни линии во рамките на проектот Турски тек во морето. Наскоро ќе почнеме да ја градиме и линијата на копното “, рече Путин.

Претседателот на Русија, исто така, рече дека Русија и Турција се согласиле да го скратат периодот на испорака на ракетните системи С-400 за противвоздушна одбрана.

Извор:faktor




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


eight − = 2

%d bloggers like this: