skripal

Русите ги обвинија Британците и Американците за труење на рускиот шпион

Русија ги обвини британските и американските тајни служби за труење на поранешниот руски двоен шпион Сергеј Скрипал и го повика Западот на дијалог за како би се избегнала нова кубанска криза.Москов ви средата во Ден Хаг побара вонреден состанок на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПХВ).

Рускиот претседател Владимир Путин, кој тврди дека станува збор за “анти-руска кампања”, изрази надеж дека на состанокот конечно ќе заврши аферата предизвикана од најголемиот дипломатски конфликт меѓу Истокот и Западот од Студената војна, објави Хина.

Русија тврди дека не е виновна за ова труење и го нагласува наодот на британската лабораторија која го анализирала користениот нервен отров и заклучила дека нема докази дека истиот потекнува од Русија.

Лабораторијата потврди дека тоа станува збор за “новачек“, воен нервен отров кој наводно се призведувал во советски лаборатории. Тој, исто така, истакна дека неговото производство се бараат “многу сложени методи” за кои може да располага само “државен актер”.

Велика Британија побара од Организацијата за хемиско оружје да ја провери нејзината анализа.

Сепак, Путин тврди дека супстанцијата со кои се отруени Скрипал и неговата ќерка во Солсбури, Англија, може да се произведува “во дваесетина земји од светот”.

Скрипал (66) и неговата ќерка Јулија (33) сé уште се во болница. Јулија веќе не е во критична состојба, додека тој стабилен.

Скрипал, поранешен полковник на руската воена разузнавачка служба, ГРУ, беше осуден во 2006 година во Москва заради предавство на 13 години затвор и доби азил во Велика Британија по размена на разузнавачки податоци меѓу САД и Русија во 2010 година.

Сергеј Наришкин, шеф на руската тајна служба на СВР, во средата изјави дека случајот Скрипал “очигледно бил фабрикуван од тајните служби на Велика Британија и САД”.

Тој повика да не се прибегнува кон сила во меѓународните односи за да се спречи ескалирањето на ситуацијата во нова кубанска ракетна криза, во која САД и Русија беа на работ на нуклеарен конфликт во 1962 година.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, отценил во понеделникот дека случајот “може да биде во интерес на британската влада” за да го сврте вниманието од Брексит меѓу нејзиното население.

Извор:(Vijesti)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


five − = 2