Веќе извесно време се шпекулира дека еден од кандидатите на следните претседателски избори во Либија ќе биде син на починатиот лидер на Големата социјалистичка Народна либиска арапска Џамахирија, полковник Муамер Гадафи. Либискиот лидер беше убиен, земјата ја разори НАТО пактот и создаде разни  групации кои ја поделија земјата. Меѓутоа, во текот на изминатите години, Либија ја зајакна армијата на генералот Хафтар, човек со многу живописна биографија, кого го подржуваат и милициите на Зинтан, кои во заробеништво го држеа синот на Гадафи за конечно да бидат ослободени, според одлуката на владата на Тобрук.

Саиф Ал Ислам Гадафи ветил дека ќе се одмазди за смртта на татко му. Оваа можност ќе ја добие во средината на ова година, кога ќе се одржат претседателски избори во Либија. Силите што ја турнаа земјата во хаос ја отворено се плашат од ова сценарио, нарекувајќи го наследникот на Моамер “штитеник на Москва”.

Именувањето на Саиф ал-Ислам Гадафи како кандидат за местото на либиски претседател беше објавено од неговиот заменик на специјалната прес-конференција во Тунис. За ова се расправало во средината на декември минатата година, но веста повторно беше повторена во светските медиуми со најавата за помладиот син на Гадафи во времето на апсењето на поранешниот француски претседател Николас Саркози.

Западниот печат објавува нови докази за корупциски скандал што води кон владини министри на Саркози и бизнисмени осомничени за перење пари. Во позадина на сè, Саиф Ал-Ислам изгледа како човек кој барем може праведно да го одмазди својот татко. Во светската политика, неразумната одмазда не значи ништо, но синот на Гадафи е единствениот човек способен да ја врати Либија како единствена држава под обединета контрола, што би било најлош удар за земјите што го уништија.

Меѓутоа, и покрај тоа, Саиф Ал Ислам сè уште не ја претставил својата програма и официјално сеуште не е номиниран. Досега сè е ограничено на општата реторика на “спасување на земјата, зачувување на нејзиниот арапски, африкански и исламски идентитет, заштита на личните и општите слободи и комплетно уништување на тероризмот на целата територија на државата”. Во однос на механизмите за спроведување на овие намери, застапникот на Гадафи ги спомена надежите за помош со Обединетите нации, што исто така изгледа многу неизвесно.

Меѓутоа, ако ги погледнеме настаните во текот на изминатата година, зборовите за програмата со “сеопфатна политичка, социјална визија и безбедност” стануваат малку појасни.

Во март 2017 година, Тунис беше домаќин на состанокот на племенските лидери, оние кои секогаш го поддржуваа Моамер, биле присутни претставници од различни делови на Либија, па дури и како делегати гости од отцепените републики на Донбас. Најинтересно е што претставниците на загинатиот либиски лидер исто така учествуваа на конференцијата. Кабинетот на Гадафи организирал “Совет на племиња и градови” на Либија, кој во иселеништво има околу 20.000 луѓе. Прилично ист број на соработници оваа организација ги има на територијата на поранешната Џамахирија.

Саиф Ал Ислам Гадафи од сите е признат како главен наследник на неговиот татко, а неговата сестра Аиша е задолжена за меѓународни работи. Поради карактеристиките на либискиот племенски систем, ова му дава на организацијата континуитет и кредибилитет. Целта на советот е да се обнови Џамахиријата како единствена јавна и државна структура, според моделот што го создал полковникот Гадафи за време на неговиот живот.

Muammar al-GaddafiФОТО: Муамер ал-Гадафи

Од 1977 до 2011 година, Либија не беше ниту република ниту монархија. Укинувањето на традиционалните институции било можно заради племенската самоорганизација, бидејќи државата се состоела од мноштво општини кои имале целосна власт до распределбата на буџетските средства. По револуцијата 1969 година, државните и приватните претпријатија беа претворени во “национални”, а работниците и вработените во “сосопственици”. Во 1979 година, Муамер Гадафи и неговите соработници формално ги напуштија своите должности, а власта му беше предадена на Советот на Револуционерната команда. Самиот полковник беше именуван како “лидер на либиската револуција”.

Тој ги истакнувал своите идеи за општествениот поредок во таканаречената Теорија на Третиот свет, која се спротивстави на традиционалните дела на теоретичарите на комунизмот и капитализмот. Но, во либиската Џамахирија имаше видлива трага и влијание на руските анархисти.

Меѓу најголемите обиди на Гадафи била замена на армијата и полицијата со “Вооружен народ” и “народнат милиција”, со укинувањето на воените оддели и традиционалните институции на моќ. До 1980 година Либија ја отстрани и приватната трговија и организираше систем на јавна и кооперативна трговија. Големите приходи од продажба на нафта дозволија дистрибуција на стоки и материјални добра според принципот на исламска правда.

Падот на цените на нафтата во 1987 година го натера полковникот во Големата Социјалистичка Народна Џамахирија да ја најави “перестројката” и да ги врати правата на приватниот сектор. Сепак, Либија не било можно да се нарече сиромашна земја, се до уривањето на нејзиниот лидер.

Сега, кога дојде време да се укине забраната за политичките партии и движења, Либија се претвори во земја со две различни влади, растурена во делови во состојба на постојан конфликт.

Libija - General Khalif HaftarФОТО: Илустрација на Либија – генерал Калиф Хафтар

Излез од ова ситуација нуди Саиф Ал Ислам, кој сака да ги уништи плановите на оние кои учествуваа во уништувањето на земјата. Џамахирија навистина може да ги обедини племињата, од кои многуте се носталгични за поранешната Либија. Сепак, Гадафи не е поддржан од прозападната исламистичка влада Фаејс ал-Сарај од Триполи, а јасна поддршка не е добиена од генералот Халиф Хафтар и неговата армија од исток

Најголемата поддршка Саиф ал Ислам, според локалните медиуми, ја има од југот од Либија, каде што владее генералот Али Кан, кој пред падот на Либија, ја предводеше Јужна армија на Гадафи. Тој продолжува да ужива голема репутација кај населението. Во 2016 година, за време на прославата во Гат, каде што живее племето Туарег, генералот Али Кан лично го подигна зеленото знаме на Либија и ги убеди сите во неговата лојалност кон починатиот лидер.

Саиф ал Ислам игра на нова карта за да воспостави контрола врз Либија, и покрај фактот што Обединетите Арапски Емирати имаат се поголемо влијание врз моќниот генерал Хафтар кој владее на исток.

Покрај тоа, генералот Хафтар тврди дека Гадафи во голема мера ја негирал изјавата на својот претставник за кандидатурата за претседател. Медиумите на   медиумите на Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија, го нарекуваат “син на мртов деспот” и “јасен пример на владеење кое само ќе донесе проблеми за либискиот народ, соседите и сите партнери”.

Сепак, прашањето е колкаво е влијанието на генералот Хафтар, кој е од суштинска важност во овој процес, ја имаат ОАЕ и Саудиска Арабија, и колку Русија или Западот?

ОАЕ го поддржа бунтот против Гадафи во 2011 година, потоа испрати оружје во Тобрук и ја вооружија армијата на генерал Хафтар, што беше направено и покрај ембаргото на Обединетите нации. “Њујорк тајмс” дури објави и отворена електронска кореспонденција од дипломатите од Емирати, кои ја признаваат испораката на оружје на Тобрук.

Една од клучните улоги во уривањето на Гадафи беше Катар, но сега ОАЕ и Катар ги раскинаа односите и на работ се на конфликтот предизвикан од саудиската власт. Сега Катар на либиска територија води посредничка војна во која Доха ја поддржува “третата влада”, или Новиот генерален национален исламски конгрес.

Во оваа смисла, Ал Џезира напиша дека “режимот на Гадафи замина засекогаш, и ако Саиф ал Ислам сака да се врати на власт, тогаш каква е целта на револуцијата”? Според Катарската телевизија, Саиф ал-Ислам нема да дојде на власт без меѓународна или регионална поддршка.

Kalifa HaftarФОТО: Калиф Хафтар

Генералниот Хафтар не сака да слушне за можната кандидатура на Саиф ал-Ислам. Интересно е што Саудијците, кои ги поддржуваа најекстремните исламистички групи од почетокот на Либија, го поддржаа Хафтар по уривањето на Гадафи, кога тој играше важна улога во новата преодна влада во тоа време, но набрзо тој беше протеран на барање на поранешниот емир од Катар. Генерал Хафтар сигурно има врска со американската воена и разузнавачка заедница. Хафтар е професионален војник кој во текот на 1980-тите дојде на повисока позиција во либиската армија која води војна против Чад. Во текот на 1987 година, Хафтар падна во заробеништво на Чад, после што им ги понудил своите услуги на Чад и САД. САД го назначуваат за воен лидер на таканаречената либиска национална армија, финансирана од САД за борба против Либија, на Муамер Гадафи. По падот на владата на Хисене Хабре во Чад во 1990 година, Хафтар бега во САД, каде што живее во близина на седиштето на ЦИА во Вирџинија. Сепак, по успешната револуција, раководството на САД се согласи со Катар и го протерува генералот Хафтар од позицијата на либискиот командант на копнени сили, а на тоа место доаѓаат и исламисти предводени од Абделхим Белхади, поранешен оперативец на Ал Каеда, подоцна американски сојузник. Хафтар подоцна се враќа во Либија и објавува војна на истребување на сите исламиски групи, вклучувајќи ги и оние кои се борат за американски или француски интереси.

Во исто време, гради силни врски со Москва, а локалните извори редовно укажуваат на присуството на руското оружје во армијата на генералот Хафтар Хафтарската армија, како што се системите “Град”, против-ракетно оружје, оклопни возила и друга воена опрема.

Францускиот Ле Поинт пишува за “синот на поранешниот диктатор кој доаѓа со поддршка од Русија и бедуините”. Тој, исто така, ги истакнува врските на Хафтар со Русија, иако францускиот весник забележува дека е тешко да се верува во сојуз на Хафтар со Гадафи, кој своевремено го уапси заради неуспешни операции во војната во Чад. Но, тоа беше во осумдесеттите години, а генералот Хафтар, и ако се почувствува неправедно казнет од Муамер Гадафи, уште повеќе издаден  од страна на САД и некои арапски земји.

Во меѓувреме, овј “не ангажман” на главниот командант на либиската војска од исток може да игра на раката на Саиф ал-Ислами. Имено, Хафтар сега, без никакви проблеми, може да го поддржи политичкото искачување на наследникот творецот на Либиска Џамахирија.

Извор:logicno.com

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име