Путин, на заедничката конференција со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и иранскиот Хасан Рохани, по трилатералниот самит, изјави дека разговарале за ситуацијата во Сирија.

Според него, тие размениле мислења за трајна нормализација во Сирија.

Тој нагласи дека тој и неговите колеги постигнале значителни договори и дека ова е наведено во заедничката декларација.

-Турција, Русија и Иран се залагаат за заштита на суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија – истакнал Путин.

Тој рече дека лидерите согласиле да ја интензивираат сеопфатната соработка на трите земји. Тој смета дека преговарачкиот процес во Астана се покажа како продуктивна соработка.

Путин истакнал дека насилството во Сирија е значително намалено заради соработката на земјите на гаранти, Русија, Турција и Иран.

Тој нагласи дека главните сили на ИСИС биле поразени и дека воените крила на други терористички организации претрпеле значителна штета.

Путин го поддржа предлогот на Ердоган за итна испорака на хуманитарна помош во Сирија.

Извор:faktor/AA

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име