Министерството за надворешни работи на Велика Британија денеска ги негираше тврдењата дека нервниот агенс “новичок” кој бил користен за да се отруе поранешниот двоен шпион Сергеј Скипал, дека пристигнал директно од Русија. “Нашите експерти точно го идентификувале нервниот агенс како новичок. Не е наша одговорност и никогаш не било да го потврдуваме потеклото на агенсот “, соопштил Форин офисот на својот Твитер налог.

Во следната твит Форин офисот ја наведил дека проценката на владата од самиот почеток била,  јасна и дека хемиската анализа е клучен дел од владината проценка, објави Танјуг.

Британската влада ја обвини Москва дека стои зад хемиски напад врз шпионот Сергеј Скрипал и неговата ќерка, кои беа отруени на 4 март во Солсбери, јужна Англија.

Извор:(Vijesti)

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име