palestinaznaminja

Со знамиња на различни земји се обидуваат да го привлечат вниманието на светската јавност

ГАЗА (АА) – Палестинците во Појасот Газа, носејќи знамиња на различни земји од светот, одржаа протестен марш во рамки на одбележувањето на Денот на земјата, кој претставува симбол на отпорот кон израелската окупација, јавува Anadolu Agency (AA).

Меѓу насобраните беше и Хемам Хамдан, кој за АА изјави дека со оваа постапка сакаат да го привлечат вниманието на светската јавност за проблемите со кои се соочуваат Палестинците.

Тој апелираше до владите на земјите низ светот да им помогнат на Палестинците во борбата за човековите права и слобода.

„Се обидуваме на целиот свет да му објасниме дека ние сме народ кој сака слобода и враќање на територијата од каде што во 1948 нè протераа Израелците“, изјави Хамдан.

Од друга страна, Палестинците што се собрани во пограничниот дел на Газа, заедно читаа книги за да покажат на тој начин дека нивните протести се мирољубиви.

За потсетување, илјадници Палестинци на границата на Газа од петок мирно протестираат и го одбележуваат Денот на земјата за да се присетат на 30 март 1976 година, денот кога Израел им одзеде илјадници хектари земјиште.

Во нападите на израелските војници врз демонстрантите од петокот се убиени вкупно 19 Палестинци, а се ранети повеќе од 1.500.

Денот на земјата се одбележува во Палестина од 1976 година, и тоа на некој начин, претставува симбол на отпорот на Палестинците за да ја добијат назад својата земја. Преку протестот учесниците укажаа на одговорноста на меѓународната заедница за заштита на правата на палестинскиот народ, основање независна држава Палестина и враќање на палестинските бегалци во нивните домови.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− 1 = two

%d bloggers like this: