Mohammad bin Salman Al Saud

Мохаммед бин Салман / Саудискиот принц гради соларна централа вредна 200 милијарди долари

Амбициозниот принц Мохамед бин Салман планира уште еден мегаломански проект во рамките на планот  “Саудиска Арабија 2030“, со која треба да ја намали зависноста од нафта.

Саудиска Арабија објави дека ќе гради соларна централа со капацитет од 200 гигават во соработка со јапонскиот интернет гигант SoftBank, што го прави проектот речиси 200 пати поголема од најголемата соларна централа која во моментов е во функција.

Во моментов, капацитетот на соларната енергија во Саудиска Арабија е околу 77 гигават.

Со капацитет од 200 гигават, соларните панели најверојатно ќе покриваат 5.000 квадратни километри, пишува магазинот Quartz, што е еднакво на површината на многу светски градови, па дури и на поголеми.

На пример, земјиштето на Хоонг Конг покрива околу 1090 км2, Њујорк зафаќа околу 784 км2, а Вашингтон има нешто над 176 квадратни километри.

Областа на главниот град на Србија е 360 квадратни километри, така што овие панели би можеле да опфатат нешто повеќе од 13 градови како Белград, објави “Блиц”.

Таков проект, се разбира, не е евтин. Тоа е инвестиција од 200 милијарди долари, а проектот треба да биде завршен до 2030 година.

Саудиска Арабија не е единствената земја што работи на зголемување на капацитетот за производство на сончева енергија. Во 2017 година, глобалната соларна индустрија произведува околу 100 гигавати соларни панели.

Извор:PCA




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× seven = 56

%d bloggers like this: