kosovo-parlament

Вонредна седница на Косовскиот парламент: ФЕТО закана за безбедноста на Косово

На барање на 40 пратеници во косовскиот парламент, синоќа беше одржана вонредна седница во врска со шесте членови на терористичката организација ФЕТО, кои минатата недела беа депортирани во Турција, јави агенцијата Анадолу (АА).

Барањето за седницата беше испратено од група претставници на Демократската лига на Косово (ЛДК), Движење за самоопределување и независни претставници, а за време на мултисесијата пратениците побарале од Владата на Косово детални информации за постапките поврзани со депортацијата на шест членови на ФЕТО.

Лидерот на Турската Демократска Партија на Косово (КДТП) и министерот за јавна администрација Махир Јагчилар обрна внимание на натписите од медиумите во кои се наведува дека депортираните членови на ФЕТО се поврзани со даночно затајување вредно 60 милиони евра како и активности со кои им се нанесува штета на државата.

Јагчилар изјавил дека ако овие тврдења се точни, јасно е дека Косовската разузнавачка агенција (АКИ) дејствуваше според законот и Уставот. Министерот Јагчилар, исто така, истакнал дека Косово е партнер на Република Турција.

-Мораме да имаме добри односи. Мораме да и се заблагодариме на Турција за безусловната поддршка што и`ја нуди на Косово – истакна Јагчилар, додавајќи дека турската заедница во Косово ги поддржува добрите односи на Косово со Турција.

“Ја поддржуваме Турција и претседателот на оваа земја, Реџеп Тајип Ердоган, кој исто така од самиот почеток обезбеди поддршка за граѓаните на Косово и владата на оваа земја”, рекол Јагчилар.

Министерот за правда, Абелар Тахири, изјавил дека минатата година 344 странци беа депортирани од Косово без да постои судска одлука за нивна депортација.

- За овие депортации, освен институциите, не бил информиран претседателот на државата, премиерот, министерот или било кој друг. Бидејќи, кога станува збор за нелегални активности, оваа одговорност му припаѓа на полицијата и на МУП “, изјавил Тахири, додавајќи дека депортацијата на членовите на ФЕТО беше направен во рамките на соработката меѓу двете земји.

Заменик на КДТП Фикрим Дамка, во говорот пред парламентот, Ѓуленовците, како шро се познати во косовската јавност, ја нарече криминална мрежа, додавајќи дека крајната цел на оваа организација е уривање на секуларна држава. Тој истакнал дека ФЕТО не е закана само за Турција, туку закана и безбедност на Косово и многу други земји.

- Подлата организација на 15 јули 2016 година, користејќи оружје, авиони и хеликоптери на турските вооружени сили, се обиде да изврши државен удар. Во таа катастрофа, 248 лица беа убиени, ранети 2.196. Обвинетите признале пред судот дека работеле според директивите на лидерот на тероризмот, Фетулах Ѓулен, – рекол Дамка.

Турската разузнавачка служба (МИТ), во соработка со косовските разузнавачи, спроведе операција на 29-ти март против терористичката организација ФЕТО / ПДЈ на Балканот и во Турција префрли шест претходно пребегнати раководни членови на организацијата.

После оваа акција, косовскиот премиер Рамуш Харадинај побара итна оставка на министерот за внатрешни работи на Косово, Фламур Сефај, и директорот на Косовската разузнавачка агенција, Дритон Гаши.

Ердоган после тоа жестоко го критикуваше Харадинај за нивното отпуштање, прашувајќи го него, според која директива го направил тоа.

Извор:Faktor/AA




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− one = 0

%d bloggers like this: