ubistvo Turcija

Асистент убил четири колеги на факултет во Турција

Најмалку четири лица се убиени, а три повредени во вооружен напад на Педагошкиот факултет на Универзитетот Османгази во турскиот град Ескишехир, објави агенцијата Анадолу (АА).

Според информациите добиени од новинар на АА, асистентот на Педагошкиот факултет Догукан Б., од сеуште непознати причини, на третиот кат убил четворица вработени на овој факултет.

Догукан го убил заменик-деканот Микаел Јалчин, секретарот на факултетот Фатих Озмутлу, професорот Јасир Армаган и помошникот Седар Каглач.

Напаѓачот е уапсен, а тројцата повредени бил префрлени во болницата.

Извор:faktor




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× eight = 32

%d bloggers like this: