Порталот Геополитика веќе долго време истакнува дека во светот веќе се работи за нова поларизација на односите Исток-Запад и дека повеќе не постои униполарен или свет со исклучок, со глобалната американска доминација, како што беше од распадот на СССР до покренувањето на украинската криза на крајот на 2013 година. За тоа, најдобро сведочи следната вест:

Русија, Кина и Иран вчера поднесоа заеднички проект (план) за решавање или заедничко испитување на “аферата Скрипал” на меѓународната организација за забрана за употреба на хемиско оружје во Хаг. Рускиот претставник во таа организација, Александар Шулгин, на вчерашната седница го изјави следново: “Денес, во судот на извршниот совет (споменатите организации), беше представен нашиот, со  Иран и Кина заеднички проект. Неговата суштина … е две работи – отворање на заеднички процес на руско-британска истрага за да се разјаснат сите прашања поврзани со обвиненијата на адреса на Руската Федерација … И уште еден важен елемент – повикот … до главниот технички директор на советот за преземање на сите потребни мерки за олеснување на такво заедничко вложување. ”

“Аферата Скрипал” повторно изби во прв план после вчерашната објава од британската воена лабораторија за хемиско истражување дека тие не се во можност да утврдат од која земја потекнува хемискиот отров со кој во Британија беше затруен Скрипал и неговата ќерка.

Потсетуваме: Велика Британија, САД и голем број земји-членки на ЕУ заради обвиненијата на Лондон дека зад руењето стои Русија, протераа, секоја според својата проценка, одреден број на руски дипломати и технички персонал. Русија одговори со иста или слична мерка. Сепак, важно е да се забележи дека “атлантската солидарност” не испадна и толку цврста колку што Лондон претходно очекуваше и што вложи многу труд со посредство на своите амбасадори во споменатите земји. Мерките на повеќето европски земји се симболични по природа, а некои одбија да ги протераат руските дипломати без да обезбедат конкретни докази за вмешаноста и вината на Русија. Американско-британскиот пример, одбија да го следат и важни земји како Израел, Кина, Турција, Јапонија и Индија, како и главните арапски земји. Но, во секој случај, оваа афера се уште не е осветлена (ако и некогаш дојде до тоа, како и многу слични афери на британското тло за што е однапред е обвинувана Русија), така да, сосема сигурно, уште долго време ќе се оптеретуваат американско-британските односи со Русија.

Извор:geopolitikanews

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име