Министерот за воени работи на израелскиот режим, Авигдор Либерман ги критикуваше претседателите на Русија, Турција и Иран, Владимир Путин, Реџеп Тајип Ердоган и Хасан Рохани, што се обидуваат сами да ја обликуваат иднината на Сирија, без присуство на САД.

“Тие ја одредуваат иднината на Сирија без претставник на САД”, изјавил во средата Либерман, додавајќи дека ова е прв пат по Втората светска војна да  следи вакво сценарио.

Покрај тоа, израелскиот министер е лут не само заради недостатокот на трилатералниот состанок во Турција на својот голем сојузник, САД.

“Организацијата на Обединетите нации не одигра никаква улога во процесот на решавање на сириската криза”, рекол Авигдор Либерман, мислејќи дека сето она што се случува во Сирија е договорено во Астана меѓу Техеран, Москва и Анкара.

Критиките на Либерман доаѓаат во време кога улогата на Вашингтон во Сирија е нејасна во иднина, особено откако минатата недела, кога американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД “наскоро ќе се повлечат од арапската земја” без никаква победа и покрај фактот дека советниците неговиот тим за национална безбедност се спротивстави на оваа мерка.

Avigdor LiebermanФОТО: Авигдор Либерман

Директорот на американската национална разузнавачка служба, Дан Коутс, во средата објави дека шефот на Белата куќа веќе донел своја одлука за статусот на американските сили во Сирија, но одби да даде повеќе детали.

“Не можам да влегувам во детали за вчерашната одлука на националната безбедносна група и на претседателот, ама за ова тема наскоро ќе биде издадено соопштение “, им изјавил Коутс на новинарите.

Во меѓувреме се одржа трилатерален состанок во Анкара, кој заврши со објавување на документ во кој Москва, Анкара и Техеран ја потврдија својата подготвеност да ги елиминираат сите терористички групи активни во Сирија и дадоа силна поддршка за територијалниот интегритет и единство на Сириската Арапска Република.

“Тие ја потврдија својата решеност да ја продолжат својата соработка со цел дефинитивно да го искоренат ИСИЛ, Ал-Нусра фронт и други поединци и групи поврзани со Ал Каеда”, стои во документот, кој ветува дека ќе се реши проблемот со “сепаратистите” и на сите оние кои сакаат да го поткопаат суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија.

Трите земји се гарант на мирот во Сирија и одржаа неколку рунди преговори во Астана, главниот град на Казахстан, со учество на претставници на Обединетите нации. Москва, Анкара и Техеран во неколку наврати рекоа дека разговорите во Астана се комплементарни со оние во Женева под покровителство на Обединетите нации.

Извор:logicno.com

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име