Израелските сили денес отвориле оган и повредиле најмалку 40 палестински демонстранти, соопштија палестинските медицински работници, додека илјадници демонстранти се собрале на границата на појасот Газа со Израел.

Дваесет Палестинци се убиени од демонстрациите во близина на силно утврдените граници на Израел и Појасот Газа кои започнаа на 30-ти март. Последната жртва е палестинец кој почина денеска во една болница во Газа од раната на првиот ден од протестот.

Пет од денешните 40 ранети се во критична состојба, соопшти Министерството за здравство во Газа.

Палестинските шаторски населби се протегаат неколку стотици метри од 65-километарската граница, меѓутоа групи на млади луѓе дошле до границата многу поблизу, туркајќи запалени гуми и фрлајќи камења врз израелските војници.

Демонстрантите инсистираат на правото да им се врати територијата што сега ја имаат окупирано Израел, како и враќање на бегалците и нивните семејства кои беа принудени да ја напуштат ова терторија по војната од 1948 година, по која следеше создавањето на еврејска држава. Бегалците го сочинуваат мнозинството од два милиони жители на Газа под израелската блокада со која управува движењето Хамас.

 

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име