koats

Шефот на Националната разузнувачка служба на САД: Севернокорејскиот лидер повикан во Русија

Директорот на Централната американска разузнавачка Национална служба (НАСА), (обединува 16 американски разузнавачки служби), Дан Коутс, на прес-конференција изјави дека севернокорејскиот претседател Ким Јонг бил поканет на официјална посета на Русија.

На прашањето дали станува збор за враќање на форматот “шесторка”  во разговорите со Пјонгјанг, Коутс рекол: “Не, мислам, дека ние во сегашната конкретна фаза знаеме за што станува збор… Ние знаеме, како тој (Ким Јонг-Ун) допатува во Кина на разговори со кинескиот претседател Кси Џинпинг. Ние знаеме, дека постои повик за негова посета на Русија на преговари. “Американските разузнавачи би сакале да знаат за кои теми ќе разговара Кин Џонг во Русија”, рекол Дан Коутс.

При тоа, тој ја негираше претпоставката дека Пекинг, по посетата на Ким Јонг, би можела да ја намали контролата на трговијата со Северна Кореја. “Не гледам никакви докази за ова, ниту изјава за тоа прашање од самата Кина”, изјавил директорот на Националната разузнавачка служба.

Потсетуваме дека новиот кинески министер за одбрана, генерал Веи Фенге, вчера пристигнал во Москва, кој пред својот, руски колега, Сергеј Шоигу, бил многу заинтересиран за американската политика, со акцент на сé поголемото силно руско-кинеско политичко и воено стратешко партнерство “За кое треба да бидат свесни сите, а пред сè за САД”.

Извор:geopolitikanews




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− 1 = three