Opera Snapshot_2018-04-07_223744_novatv.mk

Наместо приоритетен -„упат без термин“, се укинува и хартиениот рецепт

Нема да има приоритетени упати. Наместо нив ќе се издаваат нови кои мора да се употребат во рок од 24 часа. Тоа се упати за итни и животно загрозувачки случаи, најави Жаклина Чагоровска од Управата за електронско здравство при Министерството за здравство.

Покрај овој упат кој ќе се издава за итни случаи ќе има уште еден кој ќе се вика „упат без термин“ и тој ќе се користи само во одредени случаи како што е потребата од боледување, терапија за хронични пациенти и слично. Чаговоровска рече дека овој упат ќе се употробеува доколку не постои редовен термин во наредните неколку дена и ќе биде строго контролиран од службите на ФЗОМ и на Министерството за здравство.

„Се изработува правилник, во тек е законскиот акт и ние се надеваме дека овој месец Управниот одбор на ФЗОМ ќе го донесе. По ова,  ќе ни бидат потребни неколку месеци за имплементација бидејќи се работи за големи промена не само во овој сегмент туку и за обрасците во здравството, воопшто’, изјави Чагоровска за 24 Анализа.

Од компанијата која го изработи Мој термин најавија дека ќе се укинат и хартиениот рецепт и упат. Покрај ова, ќе се надградува и медицинското досие на пациентите со структурирани податоци од лабораториските анализи за кои е важно лекарот да може да ги види и да ја следи  здравстевната состојба на пациентот,  а ќе се евидентира и колку чинела соодветна здравствена услуга и за пациентот, за здравстената институција и за ФЗОМ.

„Често има проблем со лекови на рецепт кои ги има само до 10 или 15 во месецот, односно со квотите во аптеките во месецот. Никој не знае дали се потрошени квотите или се чуваат, така што со надградување на системот ова ќе се реши и пациентите ќе можат да резервираат лек или пак да имаат увид во која аптека има дополнително квота“, изјави Маријата Нешковска од компанијата „Сорсикс“ која го изработи Мој термин.

Од таму потенцираат дека планираат систем со кој  ќе има строга конрола на лековите како што е проблемот со паралелниот увоз на лекови или генерално при увозот на лекови за подобра евиденција и безбедност на граѓаните.

„Моментот кога пациентот ќе го купи лекот веднаш тоа ќе се види во национална база дали е во ред лекот, дали е платена царина, дека не е шврецуван и слично“, рече Драган Шахпаски кој е дел од тимот што го израбори Мој термин.

Извор:НоваТВ




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


six − 4 =

%d bloggers like this: