1

Три мртви во Германија: Со комбе покосил 30 луѓе, па извршил самоубиство

Комбе денес послепладне влетало во група луѓе во германскиот град Муенстер, при што загинале три лица, објавија германските медиуми.

Шпигел онлајн објави дека има повеќе мртви и повредени.

Германската полиција потврди дека три лица загинале, а најмалку 30 бил повредени, од кои шест се тешко повредени откако маж  со комбе влетал меѓу луѓе кои седеле во пивница  во стариот дел на градот.

Засега не е познато дали е терористички напад.

Од полицијата потврдија дека возачот на комбето пукал во себе откако ги прегазил луѓето.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


six − 6 =

%d bloggers like this: