1

ХОЛАНДИЈА/ “Здраво, јас сум муслиман“: Млади делеле рози со цел разбивање на предрасуди

Група муслимани во 17 различни холандски градови делеле рози со цел да ги елиминираат предрасудите што постојат кон припадниците на исламската вера.Foto: AA

Настанот во Холандија е само дел од пошироката програма што оваа недела, е организирана од Исламската заедница Мили Горус (ИГМГ), која се одржува низ цела Европа, Канада и Австралија.

Околу 250 волонтери денес поделиле 27.000 рози и брошури за исламот, со цел да се промовира мирот и дијалогот во светот.

Уште една цел од манифестацијата “Здраво, јас сум муслиман” е да се охрабри дијалогот и соработката меѓу муслиманите и немуслиманите.

Волонтерот Идрис Ердоган изјавил за АА дека делеле брошури и рози за да ги разбијат предрасудите за исламот и муслиманите во последниве години во Европа и Холандија.

Холанѓанката Петра Вамердам смета дека ова е многу убава активност.

“Мислам дека е многу добро луѓето да се доближат, има многу работи и заблуди, и погрешни мислења,рекла Вармердам.

Претставникот Тунахан Кузу учествува во проектот од самиот почеток и верува дека потребно е да се направи се што е во наша моќ з да се промени имиџот на европските муслимани во западните земји.Foto: AAFoto: AAFoto: AAFoto: AAFoto: AAFoto: AAFoto: AA

Извор:РСА/Фото:АА




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× three = 24

%d bloggers like this: