Десетици лица загинаа во наводен хемиски напад кој вчера бил извршен врз последниот бунтовнички бастион во Источна Гута, во близина на главниот град на Сирија, Дамаск.

САД веднаш ја повикаа Русија да ја прекине својата поддршка за сирискиот режим.

Стејт департментот во Вашингтон соопшти дека внимателно ги следи “вознемирувачките извештаи” од градот Дума во источна Гута, за што групата за помош со врски со опозициските сили во регионот изјави дека била доцна вчера биле цел на “еден од наопасните хемиски напади врз Сирија историјата”.

Сојузот на организации за медицинска нега и помош (УОССМ) за Скајњуз изјавиле дека најмалку 70 лица се убиени во нападот, а повеќе од 500 цивили се повредени.

Волонтерска служба за спасување „Белите шлемови“ тврди дека хеликоптер фрлил буре полно со експлозиви и хемикалии врз градот Дума, при што биле убиени најмалку 40 луѓе. Организацијата прецизира дека цели семејства се задушиле во подрумите од отровниот гас.

„Бели шлемови“ на Твитер објави фотографии на наводни жртви на хемискиот напад, вклучувајќи жени и деца, како безживотно лежат со пена на устата.

Ројтерс и Getty Images, исто така, објавија фотографии кои ги покажуваат последици од она што го опишуваат како “напад со отровен гас” од страна на сирискиот режим, а на фотографиите има и голем број мртви деца.

На други фотографии се прикажани деца како добиваат медицински третман.

Проопозицискиот Медиумски центар „Гута“ соопшти дека во нападот загинале 75 цивили.

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија објави 11 случаи кои пријавиле симптоми на гушење во опколениот град, вклучително и пет деца, но не се посочува  кои агенси може да се користат или дали имало смртни случаи.

Засега не постои независна потврда на извештаите, но САД велат дека доколку се докажат како точни, тие ќе бараат “непосреден одговор од меѓународната заедница”.

-Соединетите Држави продолжуваат да ги користат сите напори на располагање за да одговараат оние кои користат хемиско оружје во Сирија, се вели во соопштението на Стејт департментот, во кое се наведува и смртоносниот напад со сарин од режимот на Асад во градот Кан Шејкхоун минатата година.

-Режимот на Асад и неговите поддржувачи мора да бидат одговараат и веднаш да се спречат понатамошните напади. Русија, со својата непоколеблива поддршка за режимот, во крајна инстанца носи одговорност за овие брутални напади, таргетирање на безброј цивили и задушување на најранливите заедници во Сирија со хемиско оружје, се вели во соопштението.

САД исто така ја обвинуваат Русија за прекршување на своите обврски кон Обединетите нации и Конвенцијата за хемиско оружје и истакнуваат дека мора да ја повлече својата поддршка за Асад заради спречување “натамошни, варварски напади со хемиско оружје”.

Сириските државни медиуми ги негираат информациите дека владините сили извршиле хемиски напад и објавуваат дека бунтовниците во Дума се во безизлез и „фабрикувзаат хемиски напад”.

Сириската влада го врати под контрола речиси цела Источна Гута, во офанзивата што започна во февруари, оставајќи го само Дума во рацете на бунтовничката група Џаис ал Ислам.

 Извор:НоваТВ

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име