kulatramp-pozar

Пожар во кулата на Трамп, едно лице загина, се огласи и американскиот претседател

Еден маж загинал, а шест пожарникари се здобиле со помали повреди во пожар на 50-тиот кат на Трамп кулата во Њујорк, која набрзо била затворена, објавија агенциите.

Жртвата на пожарот, 67-годишниот Тод Брасснер, пронајден е безсвест во станот на 50-тиот кат, соопшти полицијата.

Нема информации за причината за пожарот што избувнал доцна вечерта во саботата по локално време.

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој има канцеларија и приватно живеалиште во зградата на Менхетен, не бил таму за време на пожарот.

- Пожарот во Трамп кула е локализиран. Пожарот не се проширил (зградата била добро направена). Пожарникарите (и жените) направија одлична работа. БЛАГОДАРАМ – напишал на Твитер американскиот претседател .

Околу 200 пожарникари реагирале на повикот кога бил објавен пожар.
Ова е втор пожар оваа година, откако во јануари три лица беа повредени во пожар на врвот на кулата познат како Трамп кула.
Освен пентхаус на 66-тиот кат, во зградата се наоѓа и седиштето на Трамп, други резиденции, канцеларии и продавници.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ 5 = eight

%d bloggers like this: