sad-napad

САД: Маж во близина на библиотека нападнал и со нож повредил 4-лица

Американските власти соопштија дека четворица лица се повредени при нападот со нож во централната област на Индијанаполис во сојузната држава Индијана. Очевидците потврдиле дека нападот бил извршен пред библиотеката откако напаѓачот предизвикал бучава дувајќи во рог од бивол, кога еден од присутните го замолил да престане. Тој потоа започнал да напаѓа неколку луѓе.

Локалните медиуми пренесоа дека напаѓачот тргнал во напад, тврдејќи дека тој ќе ги убие сите.

Портпаролката на локалната противпожарна бригада, Рита Реит, изјави дека четворица биле префрлени во болницата, и дека две лица биле во сериозна тешка состојба, а две во “сериозна” состојба.

Портпаролот на полицијата изјавил дека еден од повредените  бил “лице од интерес” во нападот.

Извор:(Vijesti / SRNA)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


7 × = twenty eight

%d bloggers like this: