germanija policija

Германија: Заради бомба од Втората светска војна, евакуирани 26.000 граѓани

Повеќе од 26.000 жители на Падерборн, на западот на Германија, беа евакуирани со цел специјални тимови да одстранат  бомба од Втората светска војна.

Евакуирани се две болници, универзитет и неколку домови за стари лица, пренесува Euronews.

Како се тврди деактивирана е британската бомба од 1,8 тона на, само една недела откако била откриена во една градина, на длабочина од само 80 сантиметри.

Отстранувањето на бомбата значело дека областа мораше да се евакуира во опсег од 1,5 километри од каде што била пронајдена.

Германскиот Црвен крст, противпожарната служба и полицијата помогнаа да се евакуираат граѓаните, а биле отворени и засолништа за итни ситуации.

Извор:cdm




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× one = 3

%d bloggers like this: