liberman

ИЗРАЕЛ ЗА УБИЕНИТЕ ПАЛЕСТИНСКИ ДЕМОНСТРАНТИ: “Нема невини во Појасот Газа“

Израелскиот министер за одбрана, Авигдор Либерман,изјавил дека “нема невини” во појасот Газа, каде што израелската армија убила 30 Палестинци за десет дена, што беше силно критикувано од борците за заштита на човековите права.

Повеќето Палестинци загинаа од куршуми за време на организираните протести на границата меѓу Газа и Израел, барајќи враќање на палестинските бегалци протерани или кои побегнале од сопствената земја со формирањето на државата Израел во 1948 година. “Нема никакви невини во појасот Газа. Сите се поврзани со Хамас, “исламистичко движење кое ја контролира енклавата меѓу Израел, Египет и Средоземното Море, изјавил министерот за израелско радио. “Секој добива плата од Хамас и сите милитанти кои се обидуваат да нè провоцираат и да ја преминат граниницата се милитанти на вооруженото крило на Хамас”, изјавил министерот.

Израел се соочува со жестока критика од страна на организациите за човекови права, вклучувајќи ги и оние од Израел, за користење вистински куршуми против демонстрантите во “Марш за враќање” организирани од страна на Палестинците. После 30 март, кога беа убиени 19 Палестинци беа убиени, Европската Унија и ОН побараа отворање независна истрага.

Извор:globalcir




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− four = 0

%d bloggers like this: