Napad-na-Siriju-940x560

РУСИЈА: Израелски авиони утринава ракетираа Сириска воена база

Сириската воздушна база Тијас, исто така позната како Т-4, источно од провинцијата Хомс,нападната е од проектили, објави Сана, повикувајќи се на својот дописник.

Неколку ракети утринава ја погодија воздухопловната база на сириската армија во провинцијата Хомс , соопшти новинската агенција Сана, повикувајќи се на информации на својот дописник.

“Воздушната база Т-4 беше нападнат од ракетни проектили. Не е исклучено тоа да е напад од страна на САД “, објави агенцијата. Противвоздушната одбрана одбрана пресретнала повеќето проектили, јавуваат извори на Спутник. Пентагон потврдил дека САД барем не вршат никакви напади.

Според руското Министерство за одбрана, нападот е извршен од страна на Израел со два авиони Ф-15. Три ракети ја погодиле целта, а пет биле пресретнати и уништени.

На 9 април помеѓу 02:25 и 02:53,два авиони без влегување во Сирискиот простор истрелале проектили воздух-земја на сириската воздушна база Т-4 (Тијас) без да влезат во сирискиот простор. Израелските авиони нападот го извршиле од територијата на Либан.

Во нападот не бил повреден ниту еден руски војник, тврди Министерството за одбрана на Русија.

Наскоро повеќе …




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


5 + = twelve

%d bloggers like this: