ORBAN

Орбан прогласи победа на парламентарните избори во Унгарија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан прогласи победа, откако прелиминарните резултати од парламентарните избори покажуваат дека избирачите му дале доверба за трет последователен мандат, и четврти од 1998 година.

Коалицијата Фидес и помалиот партнер – Христијански демократи, убедливо победија на изборите и најверојатно освоија двотретинско мнозинство, односно 133 од вкупно 199 места во унгарскиот парламент, јавуваат локалните медиуми.

-Обезбедивме историска победа и создаваме можност да ја заштитиме Унгарија-изјави Орбан.

Врз основа на 88,57 отсто од пребројаните гласови, коалицијата на чело со Фидес освоила 48,76 од гласовите, пренесува унгарската државна телевизија.

Лидерите на опозициските партии синоќа поднесоа оставки по објавувањето на првите резултати од парламентарните избори.

Според унгарските медиуми, прв оставка поднел претседателот на Јобик, Габор Вона, а потоа и колидерот на партијата ЛМП, Акос Хадази и претседателството на Социјалистичката партија.

Јобик, според првичните резултати, освоиле околу 20 отсто гласови и 27 места во парламентот.

Извор:НоваТВ




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× four = 24

%d bloggers like this: