francija-policija

Судир на полицијата и анархистите, напади со камења и шок бомби

Припадници на француската полиција употребија солзавец и шок-бомби, додека активистите за заштитата на природата и анархистите ги гаѓале со камења во текот на евакуација од местото на кое во Нотр Дам де Ленд во западна франција се планира изградба на нов аеродром, објавија француските медиуми.

Околу 2.500 полицајци учествувале во евакуацијата што започна денес рано, а полицијата веќе ги блокираше патиштата во областа, додека демонстрантите ги запалиле барикадите.

Министрите соопштиле дека на демонстрантите им било наредено да ја напуштат локацијата со намера да ги блокираат активностите за изградбата на аеродромот.

Министерството за внатрешни работи на Франција соопшти дека сака да му “стави крај на зоната на беззаконието”.

“Незаконско изградените згради мора да се урнат, така што работите во Нотр Дам де Ланд ќе се вратат во нормала”, изјавил францускиот министер за внатрешни работи, Жерар Коломб.

Француското Министерство за внатрешни работи претходно објави дека евакуацијата на местото што е планирано за новиот аеродром, што предизвика судири во поранешната француска влада, започна рано изутрина.

Францускиот претседател Емануел Макрон во јануари ги отфрли плановите за изградба на аеродром вреден 712 милиони долари во Нотр Дам де Ленд во западна Франција, што представувала чувствителна одлука која и претходните власти со децении ја избегнуваа.

Извор:cdm




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


three + = 5

%d bloggers like this: