Француската армија не ја бомбардираше воената база во Сирија, соопштил шефот на Генералштабот на армијата.

“Тоа не сме ние”, изјавил за  Франс Прес, портпаролот на армијата, Патрик Штеже.

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера изјави дека ќе ги “координира напорите” со американскиот колега Доналд Трамп за следење на ситуацијата по наводите дека сириските сили употребиле хемиско оружје за нападите во Дума, последното упориште на бунтовниците во Дамаск.

Најмалку 14 борци, меѓу кои и Иранците, загинале рано утрово во напад врз воена база во централна Сирија, објави опозициската Сириска опсерваторија за човекови права.

Засега не е познато кој го извршил напад врз сирискиот воен аеродром Тијас (Т-4).

Министерството за одбрана на САД прво реагираше по нападот, во кое се наведува дека американските сили не ја бомбардирале сириската воена база во која се наоѓаат руските, иранските и либанските сили на Хезболах. Оваа база се наоѓа помеѓу Хомс и Палмира во централниот дел на Сирија.

Сириските активисти на опозицијата велат дека сириските владини сили употребиле токсичен гас во кој загинаа најмалку 40 лица во саботата во напад врз реката Дум во близина на Дамаск.

Сирија и Русија ги отфрлија овие наводи.

Извор:cdm

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име