SELA

Партијата на Села не сака да биде дел од власта без нови избори

Алијансата за Албанците денеска соопшти дека „на ниту еден начин нема да биде дел од некоја нова владина гарнитура“, без претходно да бидат одржани парламентарни избори.

Партијата на Зијадин Села ваквата одлука ја донела на првото Централно собрание, што се одржа вчера во Кичево.

„Оваа едногласна одлука на Алијансата за Албанците се заснова на индикациите дека оваа владејачка гарнитура не е доволно убедлива во својата заложба за радикални реформи во земјата, а особено нејзината индиферентност околу спроведувањето и примената на принципите и функционирањето на владеењето на правото“, стои во соопштението на партијата.

На седницата бил донесен и заклучок дека Алијансата за Албанците ќе продолжи да ги поддржува напорите на Владата за решавање на спорот со името, но со потсетување до сите страни вклучени во процесот дека било кој предлог за името треба да биде меѓународно преведен и никако не треба да асоцира еднострано, само на јазикот и писмото на една одредена етничка заедница во земјава.

„На овој начин решавањето на овој повеќегодишен проблем ќе ја одрази мултиетничката реалност на земјата и ќе има важна улога во градењето на мирот, стабилноста и долгорочната толеранција во земјата“, се додава во соопштението.

На Централното собрание на Алијансата за Албанците вчера било избрано и дел од раководството на партијата.

За генерален секретар на партијата едногласно е избран актуелниот градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, на кого ова му е втор мандат на оваа партиска функција, а за претседател на политичката академија на партијата е избран Халил Снопче.

На собранието била избрана и петчлена комисија за статурано-правни работи, со која ќе раководи Етем Азири.

Извор:НоваТВ




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


7 × = sixty three

%d bloggers like this: