indija avtobus

Школски автобус слетал во клисура, 30 загинати

Најмалку 30 лица, меѓу кои и 27 деца, денеска загинаа во Индија, кога училишниот автобус паднал во клисура во подножјето на Хималаите, соопшти полицијата.

“Автобусот паднал клисура со длабочина од 60 метри, што резултираше со смрт на 27 ученици, двајца наставници и возач”, пренесува Франс Пресс.

Според АП, полицијата известува дека првите извештаи покажуваат дека возачот на автобусот возел побрзо од дозволеното и ја изгубил контролата на автобусот при влегувањето во клисурата.

Извор:cdm




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


7 × = sixty three

%d bloggers like this: