Израелската армија уби млад Палестинец за време на денешните немири во Наблус на Окупираниот Западен Брег.

Мунтер Зидан, началник на општината Тал, во областа Наблус, изјави дека израелските војници влегле во центарот на тоа место и им забраниле на децата да ги напуштат локалните училишта.

Истиот извор вели дека ова предизвикало расправии меѓу локалното население и израелските војници.

“Израелските војници со истрели од огнено оружје, тешко го ранија 15-годишниот Басел ал-Хинди, кој почина на пат кон болницата”, рече Зидан.

Наблус е еден од најголемите палестински градови, а во неговата близина, Израел изгради 39 нелегални населби со околу 40.000 еврејски имигранти.

Израелските сили често прават упади претреси во палестинските населби, кои во најголем број случаи се соочуваат со отпор од локалното население.

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име