1

Лидерот на унгарската десница поднесе оставка

Лидерот на унгарската десничарска партија, Јобик Габор Вона, поднесе оставка од функцијата претседател на партијата.

Како што рече, тој повеќе нема да биде пратеник во наредниот состав на парламентот после лошите резултати од изборите.

“Преземам одговорност за неуспехот да се порази премиерот Виктор Орбан и неговата партија ФИДЕС”, додал Вона.

Неговата посветеност на отфрлање на поранешните партиски расистички и антисемитски погледи предизвика внатрпартиски конфликти.

Иако Јобик ќе биде најсилната опозициска партија на новата парламентарна конвенција, Вона предвидуваше сигурна победа.

Наместо тоа, Фидес доби двотретинско мнозинство, а Орбан по трет пат ќе биде премиер.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


nine + 8 =

%d bloggers like this: