khazar

Khazar од Азербејџан: Родена е новата марка на автомобил

На територијата на поранешниот СССР роден е нов бренд на автомобил. Пред неколку дена, фабриката АзКрон во Нефтчали, на Каспиското Море (Азербејџан), започна со производство на брендот Кхазар.

Фабриката за автомобили “АзКрон” е 75% во сопственост на AzerMash, додека остатокот припаѓа на најголемата иранска автомобилска компанија Иран Кходро.

Со овие информации станува јасно дека првиот модел на Кхазар модел, всушност, ребрендиран Иран Ходор Дена +, автомобил што произлегува од постарите автомобили на Пежо, придвижуван од 1.7-литарски бензински мотор.

Подоцна, се очекува почетокот на склопување и на другиот модел на компанијат Иран Иран Ходор – Рунна, Сорен, Саманд, лиценца на Пежо 206/207, Рено Тондара (првата генерација на Дачија Логан).

Азербејџанската фабрика вработува 300 работници кои треба до крајот на годината да склопат околу 6.000 автомобили.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× 2 = eight

%d bloggers like this: