kocijas-dimitrov

Придвижување на преговорите во пресрет на Извештајот на ЕК

Министерот за надворешни работи Никос Коѕијас на 12 април повторно доаѓа во посета на Македонија, овојпат во Охрид на средба со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.

Посетата на Коѕијас, и во Македонија и во Грција се оценува како интензивирање на преговорите, а премиерот Зоран Заев оцени дека тој процес се доближува до моментот кога треба да следува средба помеѓу него и Ципрас, што би значелоконкретна практична потврда дека преговорите се во вистинска насока и дека е можно да се дојде до решение.

– Верувам дека досегашната посветеност на процесот, чекорите кои што се покажани овозможуваат придвижување. И се придвижуваме. Има позитивен исчекор од Виена за кој верувам ќе биде заокружен дополнително на 11 или 12 април, на следната средба помеѓу министрите. На крајот на април, или, можеби, почетокот на мај, можно е да имаме средба на премиерско ниво. Тоа секако зависи од двете страни. Но треба да знаат граѓаните, важно е прашањето, премногу важно, но не по секоја цена, изјави Заев во интервју за МИА.

Тој го повтори ставот дека за него црвени линии во преговорите се зачувување на достоинството и идентитетот, односно решение кое е достоинствено за двете страни.

Заев е дециден дека во преговорите за името, нема да има дипломатски булдожери меѓу Македонија и Грција, и дека за такво решение вреди да се жртвува и политичката кариера.

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас во интервју викендов за германскиот весник „Шпигел“ изјави дека разликите со Скопје можат да се решат со смелост.

– Разликите со Скопје се проблеми со историски карактер, со идентитет, со наследство и култура. Овие прашања се чувствителни. Но, можат да се решат со смелост, како што правиме сега. Додека, пак, со Турција имаме проблеми со геостратешки и геополитички претензии, вели шефот на грчката дипломатија во интервјуто за германскиот весник.

По средбата Димитров-Коѕијас во Охрид најверојатно ќе се одржи и нова средба на лидерите на политичките партии и државното раководство. Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски очекува таа да се одржи претстојниот викенд.

Повеќе на НоваТВ/Фото:МИА




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ five = 8

%d bloggers like this: