guta

По хемискиот напад во Сирија, САД се заканија: Дојде време за правда

Американската амбасадорка во Обединетите нации Ники Хејли во Советот за безбедност изјави дека дојде моментот за правда по нападот со хемиско оружје во сирискиот град Дума.

-Дојдовме до моментот кога светот треба да ја види правдата, изјави таа, наведувајќи дека хемиски напад може да изведе само „чудовиште“.

-САД се решени чудовишетото кое фрла хемиски бомби врз сирискиот народ да ги плати сметките, рече Хејли.

На седницата на Советот за безбедност францускиот амбасадор Франсоа Делатр ја обвини Русија за хемискиот напад во Дума.

-Ниту еден сириски авион не полетува, а претходно за тоа да не бидат информирани руските сојузници, изјави тој.

Aмериканските медиуми, повикувајќи се на високи функционери во САД објавија дека САД размислуваат за мултинационален воен одговор на нападот.

Експертите навеле неколку клучни воени објекти кои можат да станат цел на таков напад.

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа вети силен противодговор и наведе дека одлуката ќе ја донесе наскоро. Американски претставници, кои побарале да останат анонимни, не сакале да откријат конкренти планови, но признале дека се разработуваат воени опции, пренесува БТА. Белата куќа, Пентагон и Стејт департментот не ги коментираа таквите тврдења.

Експерти од таа област наведоа за дел од американските медиуми дека Франција и евентуално Велика Британија, но и некои американски сојузници од Блискиот исток би можеле да станат партнери на САД во евентуалниот воен одговор во Сирија. Во февруари, францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Париз ќе нападне цели во Сирија доколку земјата го наруши договорот за забрана на хемиско оружје.

Претседавачот на Советот за безбедност на ОН Густаво Меса-Куадра изјави дека СБ ќе продолжи да работи на предлог-резолуција за наводното користење хемиско оружје.

Извор:НоваТВ




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× three = 12

%d bloggers like this: