mekkejn

Џон МекКејн: “За хемискиот напад во Сирија, виновен е Доналд Трамп“

За наводниот хемиски напад врз сирискиот град Дума, американскиот сенатор Џон Мекејн го обвинува Доналд Трамп, пишува Се-Ен-Ен. Според овој политичар кој прилично успешно се бори со еден од најтешките облици на тумор на мозокот, зборовите на американскиот претседател за скорото повлекување од Сирија го подтикнале на Дамаск да му ја фрли својата ракавица во лицето на САД и на целата меѓународна заедница.

Американскиот претседател неколку пати го промени своето мислење за Сирија. Пред неколку дена тој изјави дека повлекувањето на војници од земјата е неизбежно а во неделата повторно му се закани на Асад

“Наскоро ќе ја напуштиме Сирија. Нека сега другите се грижат со тоа. Ќе заминеме многу брзо,изјави Трамп неодамна на митингот во државата Охајо

Американскиот сенатор Џон Мекејн изјави дека овие зборови доведоа до неодамнешниот напад.

“Минатата недела, претседателот Трамп јасно му кажа на светот до знаење дека САД ќе ги повлечат своите војници од Сирија. Башар ал-Асад и неговите сојузници во Русија и Иран тоа го слушнаа, а американската пасивност им даде сила. Како што е објавено, Асад повторно употреби хемиско оружје “, изјавил сенаторот Џон Мекејн.

Аби Филип за Си-Ен-Ен тврди дека сега сите очи се вперени во Белата куќа.

“Сега, по неодамнешниот напад, Доналд Трамп повторно е во центарот на вниманието. Во исто време, неговите критичари велат дека САД сега не можат да се повлечат. Трамп го критикуваше претседателот Обама за тоа што прв ја повлече “црвената линија”, а потоа му дозволи на Асад да ја премине. Трамп го сторил истото. На само пред една година нареди воздушни напади во Сирија, а сега,  се чини дека Асад и него и меѓународната заедница во целина ги предизвика со употреба на хемиско оружје “, објави СНН.

Трамп го критикуваше Обама што не се вмешал во сирискиот конфликт, а тој сега е практично на иста позиција. Сепак, во 2013 Трамп изјави: “Повторно апелирам до нашите многу глупи лидери. Не напаѓајте ја Сирија, инаку ќе има многу лоши работи, а од оваа борба САД нема да добијат ништо “.

“Дали ова значи дека сé уште не знаеме како Трамп ќе излезе од оваа непријатна ситуација? Знаеме дека сака да ги повлече војниците од Сирија. Но, очигледно, разузнавачката заедница и Министерството за одбрана веруваат дека сега, особено кога Асад покажа подготвеност за употреба на хемиско оружје, повторно е погрешно време да се повлечат војниците и да се покаже на Асад дека САД не сакаат да ги бранат своите интереси и сојузници во ” , заклучува Си-Ен-Ен.

Извор:logicno.com




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


four + 7 =

%d bloggers like this: