nacionalna-garda-sad

Трамп ја испрати Националната гарда на границата со Мексико

Околу 1.600 припадници на Националната гарда на САД почнаа да се распоредуваат на американско-мексиканската граница.

Како се тврди се очекува уште повеќе припадници да пристигнат, а владите на американските држави кои граничат со Мексико се уште разговараат за тоа како да се справат со илегалната миграција, објави АП.

Калифорнија е единствената погранична држава која сé уште не објави дали ќе испрати свои војници на границата или не.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела објави дека ќе испрати околу 2.000 до 4.000 припадници на Националната гарда на границата со Мексико, за да ја заштити границата со САД од нелегални премини.

Извор:cdm




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


two × = 16

%d bloggers like this: