Турскиот хеликоптер летал ниско над грчкиот остров Ро, западно од островот Кастелорико, објавија грчките медиуми.

Грчката телевизија “Скај” тврди дека грчката војска испалила предупредувачки истрели.

Не е јасно дали во инцидентот, кој наводно се случил во понеделникот околу 11.30 часот, учествувал хеликоптер што припаѓал на турската армија или цивилен авион .

Екитимерини објави дека два турски борбени авиони вчера влегле во воздушниот простор во Атина, игнорирајќи го неформалниот мораториум на воените дејства меѓу Грција и Турција за време на најголемите верски празници.

Станува збор за два турски Ф-16 авиони, кои летале над островите во североисточното Егејско Море, каде присуствувал по повод Велигден грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос.

Извор:cdm

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име