silos

Рушењето на силос во Данска, тргнало во погрешна насока

За време на уривањето на силосот во Данска настанала голема грешка, при што силосот (кула) се урнал на погрешна страна и уништил соседна зграда.

Напуштена кула висока околу 53 метри во данскиот град Vordingborg се урнал во спротивна насока од планираното и ги уништил блискиот културен центар и библиотека.

Нема повредени за време на инцидентот.

Силосот (кулата) требало да падне на очистената област за уривање, ама по грешка погрешно паднал на соседната зграда, потврдија властите.

10 килограми експлозив биле искористени за уривање на кулата, а подготовките траеле шест месеци.

“Едноставно не знам како можеше да се случи ваква грешка”, изјавил за локалните медиуми Кенет Вега, изведувач на работите.

Започната е и истрага за инцидентот.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


2 + one =

%d bloggers like this: