zima=sad

Дел од Америка под снег како во месец јануари

Кога граѓаните на Американскиот Среден Запад се разбудија ова утро, можеле да видат сцена која изгледа многу повеќе како во јануари отколку во април.
Во градот Абердин, во сојузната држава Јужна Дакота наврнало околу 20 сантиметри снег, во Минесота и Ајова околу 15 сантиметри, додека во областа околу Чикаго наврнало до седум сантиметри.
Полицијата Илиноис предупреди дека тоа е доволно снег за да доведе до зголемување на сообраќајните незгоди.
Националната метеоролошка служба очекува дека наместо снег во некои делови од регионот да почне врни дожд, а подоцна оваа недела температурите треба да се зголемат.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


7 × six =

%d bloggers like this: