umalfajm

Најавија протест: Еврејска група бара затварање на џамија во Израел

Членовите на организацијата “Еврејска сила“ денес планираат да организираат протестен митинг на кој ќе побараат затворање на џамијата во Умм ал-Фахм, на северниот дел на Израел,пренесува агенцијата Анадолу (АА).

umalfajmУм Ал-Фахм

Членовите на организацијата тврдат дека минатата година три момчиња кои го нападнале комплексот на џамија Ал-Акса ја посетувале џамијата, објавија израелските весници “Макор Ришон”.

Организаторите тврдат дека тројцата биле радикализирани во таа џамија. Сите тројца беа убиени во вооружен конфликт со израелската полиција.

Израелската полиција не издала дозвола за одржување на протест, но организаторите велат дека израелските судови претходно дозволиле вакви собири.

Извор: Анадолија




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


eight − 4 =

%d bloggers like this: