aerodrom-ohrid

Во недела на охридскиот аеродром доаѓа првиот директен лет од Истанбул

Во недела 15-ти април на охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“ ќе пристигне првиот лет со директната авионска линија од Истанбул за Охрид.

Летовите за првпат ги воведе турската авиокомпанија Onur Air, во соработка со турскиот тур-оператор Tatilbudur.
Се очекува авионот да слета после 14:00 часот.

На свеченоста ќе присуствуваат министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, генералниот директор на ТАВ Македонија, Алп Ер Тунга Ерсој и претставници на Onur Air и Tatilbudur.

Како што претходно беше договорено, летовите до Охрид, кој на турската јавност и е познат како светски туристички центар под заштита на УНЕСКО, ќе се одвиваат секоја недела, заклучно со 7-ми октомври. Поаѓањето ќе биде од аеродормот Ататурк во Истанбул во 13:40 часот, а враќањето од Охрид за Истанбул ќе биде 15:00 часот. Летовите на Onur Air до Охрид, ќе бидат со авиони од типот Ербас А320.

Според главниот извршен директор на Tatilbudur, Џенк Ангин, планирано е годинава да се организираат 22 тури до Охрид, со 23 лета.

Воспоставувњето сезонска авионска линија е резултат на преговорите што авиокомпанијата Onur Air ги имаше со македонската Влада, како обид за привлекување што поголем број гости на охридската ривиера. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


9 − = three

%d bloggers like this: