sud struga

Судски полицаец нападнат во струшкиот суд

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“, полициската станица од Струга, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 32-годишниот М.М од струшкото село Радолишта.

Пријавениот, на 20-ти минатиот месец во Основниот суд Струга физички нападнал судски полициски службеник. Тој требало да добие уверение потребно за издавање патна исправа и кога судскиот службеник го известил дека треба да изврши уплата за барањето, започнал да го навредува и да му се заканува, а се обидел и да влезе во канцеларијата на претседателот на судот.Притоа, пријавениот удирал и по рентгенот и детекторот на влезот во судот, а во еден момент со раце го турнал судскиот полициски службеник. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: vsrm.mk




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ nine = 15

%d bloggers like this: