либерман

Лиеберман: Израел нема да дозволи Иранско присуство во Сирија

Израелскиот министер за одбрана, Авигдор Лиеберман, во вторникот вети дека Израел нема да дозволи Иран да го воспостави своето присуство во Сирија, без оглед на цената за тоа.

Неговото предупредување дојде на еден ден откако израелските борбени авиони ја нападнаа воздушната база Т-4 во Хомс, при што загинаа 14 луѓе. Русија и Сирија го обвинија Израел дека извршиле воздушни напади, сепак еврејската држава официјално не ја потврди својата вмешаност.

“Не знам што таму случувало, ниту кој бил нападнат”, изјавил Либерман за време на инаугуралната церемонија во Катзрин на Голанската висоравнина која се наоѓа под израелската окупација.

- Она што сигурно знам – е дека нема да дозволиме Иран да ги воспостави своите упоришта во Сирија, без оглед на цената. Немаме избор. Да дозволиме иранско натрупување во Сирија исто е како да се согласиме Иранците да не дават за врат – рекол тој.

Според Либерман, иранските напори за воспоставување свое сопствено присуство во Сирија се интензивираа во последниве недели.

- Тие не планираат да изградат културен центар или музеј таму – вели израелскиот министер, известува Xinhua.

Извор:(Vijesti / ФЕНА)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× four = 32

%d bloggers like this: