Властите во Саудиска Арабија планираат да ископаат поморски канал по целата граница со Катар, со што Катар ќе стане остров во Персискиот Залив. Сауд ал-Кахтани, саудиски советник на кралскиот суд, е првиот саудиски официјален претставник кој го потврди постоењето на намерата да го изолира Катар со поморскиот канал. Ал-Кахтани на социјалната мрежа на Фејсбук изјави дека проектот има за цел да го казни Катар за погрешната политика.

Минатата недела локалните медиуми објавија дека официјален Ријад планира да ископа поморски канал по должината на Саудиско-Катарската граница, долга 60 километри. Наводно, проектот ќе биде завршен во рок од 12 месеци.

Истиот извори велат дека каналот би требало да биде ископан еден километар на саудиска територија. На бреговите на каналот може во продолжение на проекто би можело да биде изградено и воена база и депонија на нуклеарен отпад.

Ал-Кахтани, исто така, зијавил дека Саудиска Арабија има право да спроведе таков проект и да ги изгради потребните инфраструктурни капацитети, како што се воени бази и нуклеарен отпад.

Саудискиот весник “Sabq“ пишува дека станува збор за проект вреден 2,8 милијарди ријали (околу 750 милиони долари), а ќе биде реализиран од конзорциум од девет саудиски инвеститори.

Извор:(Vijesti / AA)

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име