Сириско-арапските воени воздухопловни сили ги пренасочуваат своите авиони кон руски бази во приморските области Тартос и Латакија, изјавил извор од армијата за Ал Масдар.

Според овој извор, сириските воздухопловни сили ги преместуваат авионите и хеликоптерите во овие области за да избегнат уништување за време на потенцијалниот американски воен напад.

Доналд Трамп веќе објави преку Твитер дека планира да ја нападне Сирија, а сириската армија на ваков начин се обидува да ги сочува авионите, бидејќи се претпоставува дека САД нема да ризикуваат директен напад на Русија на брегот.

САД не го откриле точниот датум на нападот, но сириската армија верува дека тоа ќе се случи во следните 48 часа.

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име