Апелацискиот суд Скопје ја отфрли жалбата и го потврди решението на Основниот суд Скопје 1, со кое поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков останува во притвор во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари, потврдија од судот.

Второстепениот суд го одбил и барањето на Чавков за обезбедување на гаранција за да може да се брани од слобода, бидејќи, како што потврдиле Апелација, тоа било некомплетно.

Чавков, заедно со поранешните колеги од МВР Душко Лазаров, Митко Пешов и Оливер Поповски, како и Горан Ѓошевски од обезбедувањето на поранешниот собраниски спикер, Трајко Вељаноски, беа вратени во „Шутка“ еден ден по поднесувањето на обвинението за „крвавиот четврток“. Два дена претходно Врховниот суд, постапувајќи по нивните жалби, им одреди куќен притвор.

Апелација, пред една недела ги потврди притворите на Лазаров, Пешов, Поповски и на Горанчо Ангелов од велешкото здружение „Ќосето“.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на 27 март поднесе обвинение против 30 лица за „крвавиот четврток“, од кои 28 се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, а две лица се гонат за помагање при извршување на истото кривично дело.

Обвинителството со обвинителниот акт до Кривичниот суд достави и предлог за продолжување на мерките притвор и куќен притвор за осомничените, бидејќи, според ОЈО, се уште постојат основи за нивно определување.

Извор:НоваТВ/Фото:МИА

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име