HAUB

ГЕРМАНСКИ МИЛЈАРДЕР ИСЧЕЗНА НА АЛПИТЕ: Голема потрага по сопственикот на ланецот OBI

Швајцарската и италијанската полиција ја продолжуваат потрагата по германскиот магнат Карл-Ериван Хауб, кој исчезна во саботата за време на скијање во Алпите.

Хауб (58) е на чело на семејството што се смета за едно од најбогатите во Германија, а сопственици, се меѓу другото, и на синџирот на продавници OBI. Полицијата го прошири пребарувањето од двете страни на границата.

“Времето е многу лошо и го отежнува пребарувањето”, изјавиле спасувачите.

Семејните пријатели истакнуваат дека уште не ја изгубиле надежта, и дека Хауб е искусен скијач и планинар. Нивното богатство се проценува на околу 6,4 милијарди долари.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× 6 = thirty

%d bloggers like this: