Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас од вчера попладне е во официјална посета на Македонија. Тој во Охрид беше пречекан од високи претставници од Министерството за надворешни работи, по што имаше работна вечера со неговиот колега, Никола Димитров.

Денеска двајцата министри ја започнуваат и официјалната преговарачка рунда за спорот со името. Ова е трета средба меѓу Димитров и Коѕијас, која се случува една недела пред новиот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија, во кој Владата очекува да добие безусловна препорака за почеток на преговорите.

Пред пристигнувањето на Коѕијас во Охрид, шефовите на дипломатиите на двете земји изразија оптимизам и надеж за успешни преговори и позитивни резултати и за двете страни.

Наскоро се очекува и средба на двајцата премиери, Зоран Заев и Алексис Ципрас, средба за која шефот на македонската Влада рече дека е клучна за решението, односно дека ако се случи тоа ќе значи дека е постигнат договор.

Извор:Мета

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име