Два часа траеше третата рунда разговори меѓу шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Димитров и Коѕијас во Охрид. Димитров рече дека разговорите биле отворени и искрени и дека за прв пат било отворено прашањето за временската рамка за спороведување на евентуалниот договор.

„Разговаравме за сите прашања и разликите околу спорот за името, за дел од тие прашања има напредок бидејки се созреани, за дел се уште постојат разлики. Разговаравме за прв пат за временската рамка и за чекорите кои ќе треба да се направат,  доколку се постигне решение како ќе  се имплементира. Ова беше разговор без надмудрување, со големо разбирање за потребите на другиот и наш главен предизвик е како главните грижи на двете страни да ги составиме и да ја најдеме комбинација  што ова ке го обезбеди“ рече министерот Димитров.

Грчкиот министер за надворешни работи Коѕијас рече дека најтешкото прашање се уште не е решено.

„Колку што се доближуваме и ги решаваме нашите проблеми, остануваат помалку теми за решавање но сепак тоа се најтешките. Направивме позитивни чекори и се надеваме дека ќе успееме и најтешките проблеми да ги решиме, а тие ги оставивме последни. Се обидуваме да решиме проблеми кои се однесуваат на минатото и се направени од други, но тоа е работа на дипломатијата“ рече грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас.

Денеска состанок имале и работните групи составени од дипломати на двете земји. Димитров рече дека овие групи го  усогласиле тесктот за идната соработка во различни области.

„Тие работеа и на текст за спречување на иредентизмот од двете страни и работеа на преамбуларните параграфи од идниот билатерален договор“ рече Димитров.

Димитров и Коѕијас ќе се сретнат повторно на 3 и 4 мај во Солун. За денешните разгвоори ќе бидат информирани и премиерите на двете земји.

 Избор:НоваТВ/Фото:МИА

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име