FZOM

ФЗОМ не ги исполни барањата на матичните лекари

Период од 35 дена во кој здравствената установа ќе има можност да вработи лекар, како и дополнителни три месеци за ново вработениот доктор да ги контактира и да ги префрли пациентите кај него. Ова е решението што Фондот за здравствено осигурување им го нуди на матичните лекари како одговор на нивното барање осигурениците да бидат прикрепени за здравствена установа, а не за избран лекар.

Ваквиот предлог бил соопштен на средбата на директорите на Фондот, Ден Дончев и Орхан Рамадани со извршниот одбор на Лекарската комора.

Според  д-р Ана Петрова, советник на директорот, правото на избор на лекар треба да остане на пациентите, а во периодот додека трае трансферот, на докторот ќе му се исплатува капитацијата, односно ќе добие толку колку што имал претходниот доктор.

Станува збор за преоден концепт, додека за конечното решение ќе може да се разговара откако ќе се воведе електронското здравствено досие и интегрираниот здравствен систем, а за тоа, како што беше објаснето, ќе бидат потребни од три до пет години. На средбата биле најавени и измени во системот на упатување на пациентите, како и  во обрасците за итна медицинска помош, за домашно лекување и за дежурните служби. Надлежните констатирале дека во моментов нема можности за зголемување на капитациониот бод.

Матичните лекари пред Велигденските празници најавуваа можност за штрајк доколку не бидат исполнети нивните барања. Здружението на приватни лекари бараат пациентите да се водат на ординацијата, а не како досега на име на избраниот лекар и лиценцата за работа во мрежа да биде на ПЗУ. Од таму тврдат дека лекарите се реоволтирани бидејќи тројцата последни министри за здравство им ветувале решение , но од тоа сеуште нема ништо.

Извор:НоваТВ




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− 8 = one

%d bloggers like this: