avionigrcki

Грчки ловец, пресретнал Турски авиони па се урнал во море

Грчкиот воен авион се урна во Егејското Море денеска по враќањето од патрола а пилотот загинал. Пилотот бил на задача на пресретнување на турски авиони, пишува АФП.

Авионот “Мираж 2000-5″ се урнал на север од островот Скирос, објави АП.

Avion F16 Kraljevskog vojnog vazduhoplovstva Norveške

Патролирањето е интензивиирано во текот на изминатите недели поради зголемувањето на тензиите помеѓу Грција и Турција поради контроверзниот воздушен простор.

Грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос, на Твитер денеска објави дека загинал пилот на борбен авион Мираж 2000-5 кој се урнал на север од островот Скирос и ” дека му се придружил на пантеонот на херои, објави АНА.

“Тој падна за верата и земјата, борејќи се за одбрана на националниот суверенитет и нашиот територијален интегритет. Земјата му се клања во тага. Најдлабоко сочувство за неговото семејство и целиот персонал на Хеленската воздухопловна сила “, напишал Каменос на оваа социјална мрежа.

Извор:BBN




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


three × 4 =

%d bloggers like this: