SIRISKA VIJSKA

(Видео) Сириската војска заробила Британски војници

Сириските војници заробиле одреден број на британски војници за време на воена операција во сириската источна област Гута, објави агенцијата.

Се претпоставува дека заробените војници се сметаат за дел од меѓународните сили распоредени во областа за да извршат копнен напад врз сирискиот главен град Дамаск, во соработка со САД.

Во извештајот на медиумите се вели дека САД и другите членки на НАТО, вклучувајќи ги и Јордан и Израел, планирале да започнат напад врз неколку фронтови, но дека планот не успеал поради брзото напредување на сириските вооружени сили во текот на минатиот месец.

Заговорот, наводно, планирал големи воздушни напади од страна на САД, како и напади од страна на израелските авиони, со цел да се отвори патот за копнените сили.

“Откако беше откриен заговорот, командантите на сириските и руските сили започнаа операција во источниот дел на Гута за да ги одбијат нападите”, изјавија извори за агенцијата Ел Мајадин и Фарс.

Откако заговорот се распаднал заради брзиот напредок на сириската армија, САД ги откажаа сите операции на странски војници и наредија итно повлекување од источната Гута преку источните предградија на Дамаск, вклучувајќи го и градот Думу.

Извор:Vijesti/BBN




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


1 + five =

%d bloggers like this: